Соопштение бр.11
Од 27.7.2010, колегите од Струмица веќе не дежураат.
На ден 29.08.2010, посета на Струмица.
Состанокот е организиран од колешката Д-р. Елица Станишлевич – педијатар. Разговарано е за тековни проблеми. Моментално, најново е што не можат да издадат упат за РТГ од матичен. Задоволни се од работата на новото претседателство на ЗПЛРМ.
Во истиот ден, попладнето, се продолжи за Негорци каде се состанавме со членството од Гевгелија, Богданци и околината. Состанокот помина во одлична атмосфера, многу позитивна енергија и верба дека ако сме единствени можеме нешто да направиме. Да се работи транспарентно.









