Здружението на приватни лекари со низа реакции до надлежните
Здржението на приватни лекари на Македонија на вчерашното собрание се согласи за неколку барања од примарното и секундарното здравство. Најголема реакција има за планираните едукации за лекарите, кои Министерството за здравство ги испланирало за идните две години за секој трет викенд.
Старо-новата претседателка на здружението аплеираше и за убрзување на процесот за исплаќање на специјалистите од секундарното здравство за кои не се исплатени трошоците за месец август.
Реакцијата за исплаќањето на капитацијата, овој пат од здружението ја упатуваат до Министерството за финансии, од каде сеуште нема зелено светло за пуштање на средствата до засегнатите приватни ординации.




