ФЗОМ: Превентивните лекарски прегледи спречија многу болести

Загрижувачки податоци за здравствената состојба на граѓаните. Од 325 000 осигуреници, матичните лекари кај 100 000 откриле почеток или напредна фаза на дијабетес, срцеви и бубрежни заболувања.

FZOM2

Ова се податоци за првите шест месеци од годинава, откако почна проектот на Фондот за здравство и матичните лекари за редовни превентивни прегледи на пациентите. Матичните лекари откриле ризик од срцеви заболувања кај 55.000 лица, ризик од дијабетес кај 45.000 луѓе и од бубрежни заболувања кај 12.000 граѓани.

– Со рано откривање на овие болести здравствените работници и фондот спречија: ампутации кај дијабетично стапало, слепило предизвикано од дијабетес, спречување на мозочни и срцеви удари, компликации од мозочни и срцеви удари како што се губење на од и говор, одземеност на екстремитети, генерална инвалидност, се одложува дијализа кај бубрежно болните и се спречува предвремена смрт. – изјави Маја Парнарџиева Змејкова – директор на Фонд за здравствено осигурување.

Кај пациентите кај кои е откриен ризик по нивното здравје ако не ги слушаат советите на лекарите прогнозите во наредните 10 години се поразителни. На 9.000 лица ќе им откажат бубрезите, над 14.400 лица ќе завршат на инсулин, а 2.000 луѓе имаат опасност да добијат мозочен или срцев удар. Имало и граѓани кои не се јавиле на поканата на матичниот лекар, но тој број бил многу мал. Лекарите апелираат сите граѓани да најдат време за своето здравје, за да не биде после доцна.

Проектот на Фондот и матичните лекари ќе продолжи до крајот на наредната година кога треба да бидат прегледани сите осигуреници.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари