Избрана алтернативата за проектот „Побрза исплата на надоместоци и боледувања“

FZOM

СООПШТЕНИЕ

Избрана алтернативата за проектот „Побрза исплата на надоместоци и боледувања“

Во врска со трите предложени модели за побрза исплата на надоместоци и боледувања, Владата на Република Македонија, на последната Владина седница одржана вчера, одлучи дека најповолен е третиот модел на административно олеснување.

Причините за реализација на овој проект делумно се поради ненавремената исплата на надоместокот, за што, според анализите на Фондот, во голем број причините се и кај самите фирми, поради ненавремените поднесоци од нивна страна, како и поради грешките во пресметките за надоместокот. Токму затоа, Фондот направи широка дебата со претставници на Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Македонија, Организацијата на работодавачи на Република Македонија, Интерресорската советодавна консултативна група за еднакви можности на мажите и жените. Сите предложени модели ја инкорпорираа и Конвенцијат-а за мајчинство за побрзо остварување на правата на мајките.

Со избраниот модел од страна на Владата за побрза исплата на надоместоците,предвидени се сет мерки во три сегменти, со цел да се овозможи побрза исплата на надоместоците. Не се предвидува никаква измена во делот на плаќањето, Фондот ќе продолжи да ги исплатува надоместоците за породилно отсуство и боледување, како и досега.

I. Првиот сегмент предвидува законски измени за побрзо остварување на правотона надоместоци за боледување и породилно отсуство

II. Вториот сегмент предвидува административно олеснување во процесирањето набарањата за боледување

III. Третиот сегмент предвидува нов модел на информатички систем во ФЗОМ

ФЗОМ како институција презема обврска редовно да ги информира осигурениците за статусот на нивниот предмет за исплата на надомест за боледување или породилно отсуство.

Владата на Република Македонија цени дека сите предвидени измени ќе може да бидат финализирани до март 2015, кога се очекува да се започне со реализација на овој проект за осигурениците да ги почувствуваат придобивките од палетата на промени кои ФЗОМ ги прави.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари