Реакција на ЗПЛРМ до МЗ во врска со новите едукации
Почитувани колеги,
На ден 26.11.2014 Претседателот на ЗПЛРМ реагираше до Министерство за здравство во врска со новите едукации.
1.Оние колеги кои дежураат во термин кога имаат едукација од МЗ ќе си дежураат и ќе си земат потврда од дежурната служба.
2.Колегите кои ќе патуваат во друг град да ја чуваат автобуската карта и потоа да се поднесе барање до МЗ за повраток на средства.
3.Даден предлог, еден матичен посетува само една специјалност и со тоа се оспособи стручно во таа област.
4.Разговарано дали после олку многу едукации матичните ќе станат специјалисти по семејна – одговорот на МЗ е да целта на се ова е намалување на број на упати.
Со почит
Претседател на ЗПЛРМ




