Маките на матичните доктори сопственици на ПЗУ немаат крај!
Како изгледа еден работен ден на сопственик на ПЗУ
Секој ден мора да се консултира со книговодителот што треба на време да се плати-под услов да имате пари на сметка.
Никогаш не знае кога ке добие прилив на капитација т.е пари кои се одработени пред многу месеци.
Внимава фискалната каса да е во ред и покрај тоа што наплатата на средства е минимална.
Секој ден мора да следи закони и правилници и да се консултира со правник.Од Фонд или МЗ.
На работа мора да се провери дали има доволно хартија ,ампули,тоалетна ,резерва чаршафи,средства за дезинфекција.
Проверка на сите фактури кои пристигнуваат секој ден.
Преглед на пациенти од 60 до 80 со секаква патологија.Секоја амбуланта е како ургентен центар.
Проверка на Веб портал на Фонд дали Ви се одјавил некој и каде заминал.Се прашувате зошто и каде сте згрешиле или е желба за промена на пациентот заради негови барања.
Медицински отпад да е во ред.
Софтверот мора да го следите и да се прават надоградби многу често.
Да проверите кога треба да се направи преглед за санитарна книшка.
Кога треба данок да се плати за амбуланта.
Кога треба да се плати за софтвер.
Кога треба да се плати фирмарина.
Кога треба да се плати за осигурување од професионална грешка.
Кога треба да се плати за осигурување од пожар,кражба и поплава.
Кога треба да се плати за чланарина за Лекарска Комора.
Кога треба да се посетат работилници на ЗПЛРМ и да се плати за истите.
Кога треба да се исплати К 15.
Да се има резерва топови хартија за да се прават превентивни прегледи на сите наши пациенти.Ако во едно ПЗУ има 2 лекарски тима и има 2000 пациенти ,тоа значи да оваа година треба да се испечатат за 1000 пациенти по 2 ливчиња лабораториски -2000 ливчиња,потоа за секој пациент се печатат по 7 листа за превентивните цели -7000 листа за тоа,потоа печатиме рецепти,печатиме упати и мислам да секој може да свати колкава количина на хартија трошат матичните доктори.На крај на ден печатиме лекарски дневник ,најмалку по 20 страни и тн.Целите соби ни се блокирани со регистратори.
Дали имате доволно картони,
Дали сте платиле за десинсекција ,дератизација,дезинфекција
Систематски преглед да проверите кога иде време да се направи
Да проверите кога Вашите пациенти наполнуваат 18 години и да ги потсетите да мора да донесат потврда за школување ,независно дали се средно или на факултет.
Да проверите кои пациенти воопшто не Ви дошле на преглед и да ги повикате на превентивен преглед.
Да проверите кога сте дежурен на приправност или во саботи –ова за Скопје.
Во секое време да имате матичен програмер кој ќе Ви помогне,матичен мајстор за струја,водоводни цевки …..
Сите приватни доктори мора да размислуваат да состават тестамент за својата фирма,во случај на изненадна смрт кој да биде носител на дејноста во приватните фирми кои се во свои простории.Бидејќи со изненадна смрт на сопственикот на ПЗУ –то ,пропаѓа целиот бизнис на едно семејство и остануваат многу лица невработени.
Да проверува после една пререгистрација на земјоделци и невработени ,кој не си ја обавил својата обврска.
И секој ден да живеете во надеж да нема никој од вработените да Ви каже ,Јас си одам.Па така колку и да сте способен,квалитетен и одговорен како сопственик-Вие и Вашиот бизнис пропаѓате заради одлука на некој друг кој решил да си прави промена во животот или да си бара подобро парче леб за себе.
Да проверува кога има слободни термини на Мој Термин за да закаже на сите пациенти кои му се јавуваат секој ден
,со надеж да ќе си обезбедат термин кај специјалист.
Да откажувате термини на пациенти кои заборавиле да отидат на преглед или починале во меѓувреме додека чекале.
Да проверува мејли секој ден затоа што многу важни информаци се добиваат и преку овој начин.
Да си плаќа редовно за концесија на простор.
Да внимава за регистрација на возило.
Да внимава на пропишување на рецепти и сумата за лекови која ја има секој доктор.
Да се внимава колку зел секој пациент и дали ја подигнал рецептата од аптека.
Да убедувате пациенти да сменат начин на живење,исхрана……..
Да се има време за негување на добри односи со колегите.
Од сето погоре наведено може да се заклучи да сите книжари живеат од матичните доктори ,им се подобри нивниот бизнис,сите компјутерски фирми кои продаваат тонери,принтери,компјутери –им се подобри бизнисот.
На осигурителните компании им се подобри бизнисот.
На фирмите кои продаваат фискални каси ,им се подобри бизнисот, а на докторите?




