Петти конгрес на педијатри на Македонија – Охрид 05-09.10.2011
Почитувани колеги,
Во името на Организациониот одбор, чест ми е да Ве поканам на Vтиот Конгрес на педијатрите на Македонија со интернационално учество, кој ќе се одржи во Охрид од 05-09 октомври 2011 година.
Конгресот на педијатрите е најзначајната научна манифестација која ја организира Здружението на педијатрите на Република Македонија. Конгресот се одржува на интервали од четири години со тенденција да биде место на научна соработка на педијатрите од Македонија, соседните држави и државите ширум Европа.
Целта на овој Конгрес е да се презентираат најновите трендови во полето на педијатријата, со застапеност на теми од примарната, секундарната и терцијарната заштита, како и теми од сродни специјалности, со цел да се обезбеди квалитетна здравствена заштита на нашите деца. Научнaта програма вклучува возбудлива компилација од предавања, симпозиуми, округли маси, постдипломски курсеви, практични курсеви и дебати за контраверзи во педијатријата. Дизајнирани се голем број иновативни сесии со цел да побудат интерес кај сите профили на лекари кои се грижат за здравјето на децата, како кај педијатрите, така и кај општите лекари, специјализанти, специјалисти по семејна медицина, хирурзи, инфектолози и слично.
Акцентот ќе биде ставен на неколку тематски целини како: раст и развој, кардиологија, инфективни болести, нутриција, интензивна нега, социјална педијатрија и друго. Ќе ја потенцираме важноста од употребата на упатствата за работа, т.н. guidelines во педијатриската практика, како и потребата од синхронизација на педијатриската практика низ Европа, согласно индивидуалните национални разлики.
Целта на организацијата на овој Конгрес е да се пружи можност на учесниците за активна партиципација преку различни активности. Ќе ни биде чест и задоволство да ги ревидираме вашите апстракти и да ви овозможиме нивна презентација. Планирана е и активна партиципација во специјални интерактивни сесии во рамките на Конгресот.
Охрид е културен, духовен и туристички центар до кој можете да дојде со авион, автобус или автомобил. Градот располага со одлична инфраструктура за конференции и конгреси, како и професионална услуга неопходни за одржување на V-тиот Конгрес на Педијатрите на Македонија. Шармот и комфорот на хотелите „Метропол“ и „Белви“ пружаат одлични услови за овие активности. Учесниците на Конгресот ќе имаат доволно време да ги видат природните убавини и историските знаменитости на Охрид преку интересните и атрактивни содржини на социо-културната програма планирана за вас од Организациониот одбор.
Подготвени сме да ви овозможиме пријатен престој во Охрид, еден од најшармантните градови под заштита на УНЕСКО, и да понесете убави спомени од учеството на V-тиот Конгрес на Здружението на педијатрите на Македонија.
Повеќе информации на следниот линк:
Со почит,
Александар Сајковски
Претседател на Здружението на педијатри на Македонија









