Известување за ЕКГ школа

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека поради зголемениот интерес за ЕКГ Школата, Првиот модул ќе се одржи во Александар Палас, наместо во Хотел Русија.

Времето на одржување и програмата остануваат непроменети.

Потсетување за условите и начин на котизација:

Цената за котизација се однесува севкупно за сите 3 модули.

Рано пријавување од 10. 11. 2014 до 26. 11. 2014.

– 900, 00 денари за членови на Интернистичко Здружение и Специјализанти по интерна медицина (со платена чланарина за 2014 година)

– 2.900, 00 денари за надворешни членови

Oд 27. 11. 2014 – 28.11. 2014 г. и на лице место

– 2. 000,00 денари за членови на Интернистичко Здружение и Специјализанти по интерна медицина (со платена чланарина за 2014 година)

– 4.400,00 денари за надворешни членови

1. Задолжително пријавување на маил:
internistimk@gmail.com

2. Уплата на жиро сметка
НАПОМЕНА: КОМПЛЕТНАТА ПРОГРАМА НА СИТЕ 3 МОДУЛИ Е АТАЧИРАНА ВО ПОСТ ПОД ОБЈАВАТА ЗА НАСТАНОТ

До: Здружение на интернисти на МК
жиро сметка: 300000003352744;
Депонент: Комерцијална банка
Назнака: ЕКГ ШКОЛА 2014,
Име и Презиме на лекар;
Износ: ден

За сите учесници е обезбеден материјал – ЦД.
Во цената е вклучен ручек (ланч пакет), кафе, чај, вода за секој модул.

Контакт
Д-р Ана Палева
Tel. 071374543
Mail: internistimk@gmail.com

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари