Парични надоместоци за нега, слепило и глувост

Почитувани колеги,

Конзилијарните мислења за остварување на права на надоместоци за нега, слепило и глувост не ги издаваат лекарските конзилиуми на општите болници, туку:

– За паричниот надоместок за нега од друго лице, конзилијарното мислење го издаваат: Клиничките болници, Градска болница 8-ми Септември Скопје, Универзитетска клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски Скопје и Универзитетските клиники.

– За додатокот за слепило: Универзитетските клиники во Скопје

– За додатокот за глувост: Универзитетските клиники во Скопје

Тоа значи дека преку „Мој Термин“ треба да се закажуваат конзилијарни мислења преку клиниките со тоа што останува одредбата, по исклучок, освен со конзилијарно мислење, потребата и состојбата да се докажуваат и со отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација.

На следниот линк можете да го превземете скенот од документот од Законот за измена на Законот за социјална заштита Сл. Весник на РМ број 116/2014.

Zakon za izmena na zakonot za socijalna zastita

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари