Велес: Индустриското загадување е минато, но не и последиците по здравјето

Штом имаме зголемено ниво на аеро загаденост, се јавуваат и првите здравствени проблеми, велат лекарите…

Велешани денеска дишат чист воздух. Така покажуваат резултатите од мерните станици на Mинистерството за животна средина кои се јавно достапни. Загадувањето е на ниско ниво. Најголемо присуство на ПМ10 честичките било евидентирано во средата.

Токму присуството на овие члестички го врати Велес на листата меѓу петте најзагадени градови во дражавата. Штом имаме зголемено ниво на аеро загаденост, се јавуваат и првите здравствени проблеми, велат лекарите.

„Причината не е само надворешните услови и ладното време, туку секогаш во голем дел ја предизвикуваат и загаденоста, нормално и честичките кои се наоѓаат во ова време поради маглите кои постојат во поголемите градови“, смета д-р Лилија Чолакова Дервишева.

Индустриското загадување е минато за Велес. Но, последиците по здравјето на велешани секојдневоно се тука. Нив ветерот ги носи од црниот оловен рид.

„Сеуште се раѓаат бебиња со конганитални аномалии, сеуште е во пораст бројот на дечиња кои заболуваат од леукемија и разни видови на тумор, сеуште е во пораст бројот на дечиња кои имаат проблеми со имунолошкиот систем“, изјави Соња Гаврилова, Друштво на родители за грижа за здраво поколение.

Живот во незагадена средине е приоритет за секој велешанец.

„Штом ќе дојде ложењето на дрва, загадено е. Но, Велес не е толку загаден… Повеќе шума дрва…Треба повеќе да се грее на струја неместо на дрва“, велат велешани.

Но, за поздрав живот не е потребна само желба, некој навики треба и да ги менуваме.

„Во вакви услови кога има голем број на респираторни заболувања секој слободен момент да се користи за прошетка каде има чист воздух, околу шуми, езера, нормално на нивното здравје влијае и здрават храна, бидејки она што ќе го внесеме исто така влијаа колку ќе бидеме здрави“, рече д-р Лилија Чолакова Дервишева.

Дека здравјето е најголемото богатство доказ се многуре проекти кои Владата ги реализира со цел да се подигне свеста кај населението за навиката за здрав живот.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари