Бесплатни ортопедски прегледи во Филип Втори
Почитувани,
По повод отпочнувањето со оперативен третман на заболувањата и деформитетите на рбетен столб (сколиози, дискус хернии, тумори, спондилолистези, посттрауматски состојби), Специјалната болница „Филип Втори“ спроведува акција за бесплатни ортопедски прегледи во периодот од 16.05-19.05 .
Прегледите ќе се извршуваат во просториите на Дијагностичкиот Центар на Филип Втори , а закажувањата ќе се вршат на 11,12 и 13.05 преку Инфо Центар на Филип Втори од 09-17 часот на телефонот 02/3111-411









