Соопштение бр.10
На 26.08.2010, претседателот на ЗПЛРМ со двајцата потпретседатели беа примени кај Министерот Бујар Османи.
Разговарано е час и половина за сите проблеми.
Проблем број еден во врска со новиот нацрт закон за ЗЗЗ, побарано е сеопфатност, т.е, да сите здравствени установи постоечки влезат во мрежата на денот на стапување на законот. Разговарано е за бодот, партиципацијата и за тоа кој да ја обавува превенцијата во Македонија.









