Лекарите мора да работат електронски
Со „Мој термин“ се укинува паралелното евидентирање на медицински прегледи. Од 1-ви ноември наместо рачно во хартиен медицински дневник, сите прегледи, дијагнози и терапии докторите ќе ги внесуваат само електронски. На крајот на работното време сите извештаи задолжително ќе се печатат и ќе се заверуваат со потпис и факсимил на докторот. На овој начин ќе се олесни работата на повеќе од 9,000 матични лекари и специјалисти.
„ Докторите кои го користат директно Мој термин можат да започнат со користење на електронскиот дневник од нареден понеделник, додека докторите кои користат интегрирани решенија кон Мој термин се планира да започнат од 1-ви ноември. Од 1.1.2015 година, овој начин на водење на медицинска документација станува задолжителен“ рече Милан Аризанковски, проект менаџер на Мој термин.
Оваа новина се воведува на барање на матичните лекари, кои сметаат дека со помала административна работа, ќе им останува повеќе време за пациентите.
Следниот чекор за олеснување на работата на докторите ќе биде целосно исфрлање на хартиената евиденција на прегледи. Со набавка на дигитални потписи за здравстените работници надлежните се надеваат дека наскоро медицинскиот дневник ќе се води само електронски.




