Реакција по повод написот во Шпиц од Д-р. Лилија Чолакова Дервишова

Почитувана,

По повод написот во Шпиц, морав да реагирам како претседател на ЗПЛРМ .Би сакала да дадам демант за некои изјави на некоја матична докторка која е анонимна и со написот се создава погрешна слика за моменталната соработка меѓу матични лекари и Фонд за здравство.И со оваквите изјави се прави повеќе штета на таа соработка и не гледам која е целта на овие малициозни текстови.Новинарството е една сила со која можат да се променат многу работи и очекувам од тие професионалци секогаш да држат едно ниво,да бидат објективни,да објавуваат и позитивни и негативни моменти .Што секогаш не е така.

Во животот секој човек има можност да избере две опции-да биде креативен или деструктивен.Јас секогаш ја избирам позитивната опција.Ние матичните доктори имаме права,но имаме и обврски.

Во животот човек треба да научи и како да разговара и почитува.Памтам времиња кога докторите никој не ги примаше во Фондот за здравство.Сега не е така.Секогаш кога Здружението на приватни лекари побарало прием-Фондот за здравство ги отвора вратите,слуша ,разговара и се променуваат многу работи и се одговара позитивно на нашите барања.Комуникацијата е одлична и транспарентна.Преку разговори и преговори ги променивме казните-ги преполовивме ,за прв пат нема казна цела капитација,контролата за цели ке се обавува само еднаш во годината,се промени кон подобро член 25 за продолжени боловања,се промени режимот на лекови,ги променивме критериумите за боловања,се прецизираа многу други работи.Исплатата никогаш не била по редовна.А за раскинување на договор се оставени само неколку ставки кои навистина не смее ни еден доктор да си дозволи да му се случат.На пример да го дадете својот факсимил да го користи друг доктор.

Должност е на секој доктор сам да се интересира за сите правни измени кои се случуваат во Фондот,има информативни страници на Лекарска Комора на Здружение на приватни лекари на ФЗОМ и секогаш да внимава да работи во согласност со договорот на Фондот кој сам го потпишал,во согласност со правните измени во нашата држава.

Точно е да живееме во демократска земја и да може секој да дава изјави но добро е тоа да не бидат анонимни и секогаш да се знае името.А во иднина ги поканувам сите незадоволни колеги активно да се вклучат во работењето на ЗПЛРМ кое е отворено за да ги слушне сите проблеми на своите колеги и да ги пренесе до соодветните служби на Фондот..

Со почит,
Претседател на Здружение приватни лекари на РМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари