Покана за учество на 7 Национална Конференција
Почитувани,
Здружението БОРКА – за секој нов ден, член на Европската коалиција против канцер „Еуропа Дона“ со задоволство Ве известува дека ја организира VII-та Национална конференција за борба против рак на дојка.
Конференцијата ќе се одржи на 14 октомври 2014 год. во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје со почеток во 18:00 часот.
Со посебна чест и задоволство Ве покануваме да земете учество на VII-та Националната конференција која ќе биде под покровителство на г-ѓа Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Репубилка Македонија. На конференцијата кратки поздравни говори ќе имаат Министерот за здравство г-дин. Никола Тодоров, Директорката на ФЗОМ г-ѓа Маја Парнаџиева како и Амбасадорката на Франција во РМ, г-ѓа Лоренс Оре и сопругата на Амбасадорот на САД во РМ, г-ѓа Мери Џо Волерс.
На конференцијата свое обраќање во работниот дел ќе има д-р. Жозеф Глигоров, спец. онколог од Болницата Тенон, Парис, Франција, а покрај него ќе се обратат и Д-р. Митко Караѓозов, Клиничка болница Аџибадем Систина и Д-р. Милан Ристевски ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија и Проф. Д-р. Смиља Туџарова – Ѓоргова ЈЗУ Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
Срдечно Ве поздравуваме





