Понуда за фискални уреди со GPRS од Дуна Компјутери

Дуна Компјутери Ви нуди соодветна понуда за набавка на фискални уреди во согласност со новиот закон за готовински плаќања (фискални уреди со вграден GPRS). Со новиот закон за готовински плаќања и докторите се обврзани да направат промена на своите фискални апарати. Според техничките перформанси и карактеристики на фискалните уреди и Вашите потреби ние Ви ја препорачуваме фискалната каса Северец.

СЕВЕРЕЦ е најевтина фиксна фискална каса на пазарот, која е погодна за работа во малопродажни места кои немаат потреба од поврзување со компјутер и софтверска апликација.

При набавка на фискален уред од Дуна компјутери членовите на Здружението на приватни лекари на РМ ќе може да ги уживаат следните бенефиции:

1. Набавка на фискална каса СЕВЕРЕЦ по цена од 12400,00 ден. + 18% ДДВ или 14632,00 ден. со вклучен ДДВ.

2. Откуп на старата веќе постоечка фискална каса (без разлика од кој производител е истата) по цена од 3100,00 денари.

3. Унифицирана база со артикли која ќе Ви биде внесена во сите фискални апарати за да се заштеди на време при внесување на нови шифри.

Дополнително ви нудиме:

4. Пакет од 16 ролни хартија при набавка на секоја нова фискална каса.

5. Плаќање на 3 еднакви рати со што:

– Плаќање: Ратите ќе се плаќаат во месец октомври, ноември и декември.
– Испорака и фискализација: Испораката и фискализацијата ќе се извршат веднаш по уплата на последната рата од вредноста на фискалиот уред.

За таа цел доколку понудата одговара на Вашите барања Ве молиме да ги следите долунаведените чекори за да можеме да ја завршиме постапката во најкус временски период и да одговориме на законските временски одредници:

1. Направете уплата на понудата за набавка на фискални уреди во согласност со новиот закон за готовински плаќања.

2. По извршената уплата поминете во нашите административни простории или испратете ни ги по маил (valentina@duna.mk) активната тековна состојба за компанијата со впишани подружници, доколку касите се поставуваат на подружници. Задолжително поминете во нашите административни простории или пак испратете ни по пошта три оригинали од договорот за купопродажба. Договорот за купопродажба на фискални уреди на увид, исто така, е поместен во прилог на овој маил.

3. Потоа, официјално ќе ве контактираме со маил за датумот кога ќе се спрoведе фискализацијата за да можеме да се усогласиме меѓусебно, а и со времето предвидено по закон. Имено, сакаме да ве информираме дека, додека трае фискализацијата на новите уреди Вие непречено можете да работите со постоечките и дека воопшто нема да има застој во работата на Вашите малопродажни места.

4. Откако ќе се фискализираат новите фискални уреди, ќе имате обврска старите уреди да ги однесете во овластениот сервисен центар за одјава. Со старата каса ќе ни доставите и фактура за откуп на истата. Доколку старите фискални уреди се набавени од Дуна Компјутери документите за одјава ќе се направат откако новите уреди ќе се фискализираат. На крајот обврската е само старите фискални уреди да ни ги доставите во нашиот сервисен ценар.

За сите информации кои би Ви биле дополнително потребни или за евентуални прашања околу процедурите Ве молиме слободно да не конактирате.

Тимот на Дуна Компјутери Ви стои на располагање.

Valentina Ivanoska
Pre-sales Manager
Duna Computers
bul. Oktomvriska Revolucija br.18
1000 Skopje / Macedonia
office: +389 2 3104 523
mobile: +389 70 276 261
www.duna.mk

ZPLRM ponuda za novi fiskalni kasi

Severec

Договор за купопродажба на фискални каси

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари