Покана за работилница за лекари од примарна здравствена заштита (17 и 18 Октомври 2014)
Почитувани,
На 17ти и 18ти Oктомври 2014 година (петок и сабота) во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје ќе се одржи дводневна работилница за општи лекари под покровителство на Министерството за здравство, а организирана од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија (ГФАТМ) и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Работилницата е акредитирана од МЛД и ЛКМ.
За учесниците на работилницата кои не се од Скопје обезбедено е сместување и надомест на патните трошоци во висина на повратна автобуска карта.
Тренингот започнува на 17ти Октомври (петок) во 13:00 часот.
Ве молиме да го потврдите учеството на тел: 078 481722, или на маил: anapaunova@yahoo.com, најдоцна до 13ти Октомври, лице за контакт Ана Паунова.
Бројот на учесници е ограничен.




