Одговори на прашања поставени од ЗПЛ Куманово

Прашање
Има еден голем проблем во врска со лекување на странски осигуреници, кој проблем неможе да се реши без ваша помош – интервенција.

Имено, во упатството во кое е даден начин на кој треба да се врши фактурирање на фактурите за странски осигуреници стои дека фактурите треба да се доставуваат во печатена и во електронска форма до подрачна служба на ФОНДОТ.

1. Не е наведено прецизно каква е таа електронска форма, бидејќи има преку 50 типа на електронски форми !?

2. во подрачната служба не ги примаат печатените фактури додека не добиеле преку порталот на ФЗОМ електронски облик на истата фаткура, меѓутоа не постои таква опција во порталот на ФЗОМ за испраќање на електронса фактура за странски осигуреник во ПЗЗ

3. До колку не ни објасните или овозможите како тоа да го направиме, нема да можеме ни ние да ги лекуваме странските осигиреници. (и така странските осигуреници се прифатени-лекувани само од 2-3 ординации во градот Куманово!).

ЗПЛ на град Куманово

Одговор

Почитувани,

Во врска со Вашите прашања за фактурирање на здравствени услуги во примарна здравствена заштита за странски осигуреници, Ве информираме:

Здравствената установа која врши примарна здравствена заштита, за извршената здравствена услуга
на странското осигурено лице изготвува пресметка за висината на трошоците, по утврдена референтна цена, односно по цена на чинење согласно Ценовникот на здравствените услуги во Република Македонија од мај 1992 година
и со искажување на материјалниот трошок согласно упатството на Ценовникот, до донесување на референтна цена.

Во пресметката, доколку според Одлуката се пресметува партиципација, истата се искажува и намалува за пресметаната,
односно наплатената партиципација. Покрај пресметката/ите здравствената установа доставува збирна фактура и спецификација/и пооделно по странска држава, кои ги доставува до подрачната служба на Фондот каде што е седиштето на здравствената установа, со приложување на копија од EHIC/ПП и копија од потпишаната Изјава/Верификација/Образецот, или копија од двојазичниот образец.

– Потврда за користење на здравствени услуги (давања во натура) за време на привремен престој/упатување на привремена работа во РМ или копија од Потврдата.

Здравствената установа фактурата, спецификацијата/ите и пресметката/ите за висината на трошоците за користените
здравствени услуги за странско осигурено лице, ги доставува во електронска и во хартиена форма до подрачната служба на Фондот, каде што е седиштето на здравствената установа, до 5-тиот ден од тековниот месец за претходниот месец.

До воспоставување на софтверско решение за доставување на овој вид на фактури преку веб порталот на Фондот, истите се доставуваат до ПС на Фондот во хартиена и електронска форма.Електронската форма треба да биде во ексел формат на cd или usb.

Со почит,

ФЗОМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари