ТОДОРОВ: ОДЛИВОТ НА ЛЕКАРИ Е ГЛОБАЛЕН ПРОБЛЕМ

Министерот за здравство Никола Тодоров не гледа проблем во масовниот одлив на лекари од јавното здравство во странски болници. Според него, станува збор за глобален тренд, кој не ја засега само Македонија. Истото образложение го понуди и како оправдување за последниот оглас за вработување на специјалисти од Србија. Она што се случува во македонското јавно здравство го поистовети со трансферот на лекари што го регистрираат високо-развиените земји.

„Источна Европа генерално обезбедува лекари за земјите од Западна Европа, коишто пак се мобилни во рамки на овие земји. На пример, лекари од Австрија одат на работа во Германија, од Германија во Швајцарија, од Швајцарија во Скандинавските земји или во Америка, Австралија… И тоа е практично патот, мобилноста на лекарите“, смета Тодоров.

Наспроти алармантните бројки за одлив на лекари, Тодоров се пофали дури и дека македонското здравство има најдобра стратегија во регионот како да ги задржи специјалистите. Изненадени од ваквите тврдења на министерот, од Здружението на приватни лакери порачаа дека ниските плати во здравството се главната причина за масовно напуштање на државата. Предупредија и дека ваквиот тренд ќе земе замав, доколку Министерството за здравство продолжи да ја игнорира реалноста. Министерот Тодоров го посоветуваа добро да размисли што ќе го чини помалку, дали увозот на лекари од Србија или да ги задржи македонските специјалисти.

Од здружението решение гледаат во итна владина седница на која конечно ќе се донесе одлука за зголемување на платите во здравството, бидејќи податоците со кои располагаат говорат дека во изминатите две години околу 300 лекари ја напуштиле земјата. Оттаму тврдат и дека расте бројката на нивни помлади колеги кои се подготвуваат да заминат на работа во странски болници.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари