Работилници – Семејна Медицина
Центарот за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје, во склоп на своите активности за обезбедување на Континуирана медицинска едукација за 2011 година ги планира следниве активности кои ќе се одржат во Центарот, а се пријавени и акредитирани од ЛКМ:
Работилница Семејна медицина – принципи и новости (од 14:00 до 17:00 на 9 мај, 23 мај и 30 мај )
Работилница Семејно насилство – под покровителство на СЗО во 2011 година (основна и напредна работилница) за колеги на доедукација
Работилница Заболувања на дојка ( од 13:30 до 15:30 на 19 мај и 26 мај)
Симпозиум под покровителство на Американско-Австриската Фондација-Институт Отворено Општество – 20 јуни 2011
Работилница Обука на едукатори во ПЗЗ за специјалисти по семејна медицина (октомври 2011) со котизација (за колеги на доедукација)
Работилница LEARNING AND TEACHING ABOUT THE PROFESSIONALISM IN MEDICAL EDUCATION IN GENERAL PRACTICE / FAMILY MEDICINE под покровителство на ЕУРАКТ (ноември 2011) со котизација
Бројот на учесници е ограничен на 30 учесници, затоа сите заинтересирани треба да се пријават во Центарот за семејна медицина.




