Анкета за електронски здравствен картон
Во прашалникот што следува, би сакале да ги дознаеме вашите размислување околу употребата на електронскиот здравствен картон (ЕЗК) во иднина. Нашето знаење за вашите очекувања од ЕЗК ќе помогне за подобар развој и имплементација на системот во иднина.
Ве молиме одберете одговор на секое прашање кој ги претставува вашите размислувања. Прашањата се стандардизирани, и превземени од стандардизиран прашалник. Ве информираме дека нема точни или грешни одговори, заинтересирани сме за вашите лични ставови. Доколку не сте сигурни за вашиот одговор, ве замолуваме да одговорите најдобро што можете. Одговарањето на прашалникот е комплетно анонимно. Добиените резултати ќе бидат употребени во докторската теза, и можно е да бидат презентирани во научни трудови, при што нема да биде можно да се идентификуваат учесниците во студијата.
За учество во студијата (прашалникот) Ве молиме одговорете на следниов линк: http://ekoncesii.cloudapp.net/Lists/2/NewForm.aspx
Цел на оваа студија е да се проценат ставовите на лекарите кон системот за ЕЗК во Република Македонија. Останати цели на оваа студија се:
– Да се стекнат понатамошни знаења за ставовите на лекарите кон употребата на ЕЗК во Република Македонија
– Да се испитаат релациите помеѓу различни фактори како на пример демографски фактори, и намерите на лекарите да го употребуваат системот на ЕЗК
– Да се развие стратегија за имплементација на системот за ЕЗК во Република Македонија, врз база на сознанијата од оваа студија
– Да се испитаат погледите на лекарите кон можната употреба на системот за ЕЗК
– Да се испитаат релациите помеѓу демографските фактори, варијаблите на информатичката технологија, и подготвеноста на лекарите да го употребуваат ЕЗК
Би сакале да ве информираме дека вашите контакт податоци се обезбедени по случаен избор од листата на општи лекари, објавени на веб страната на Фондот за здравствено осигурување.
Напомена: За целите на оваа анкета кратенката ЕЗК се однесува на електронски здравствен картон, но не на електронска здравствена картичка.




