Лов на вештерки за подлабока мистерија

Почитувани колеги,

Дали во 21 век е проблем да се најде причинителот за починување на неколку пациенти?
Дали хигиената по болниците е на завидно ниво или со истите крпи се минува и по тоалетите и по собите на болните?
Дали здравството и неговото финансирање треба да се на прво место во една држава?
Сите ние сме потенцијални пациенти и дали треба постојано да се бараат јавно кривци или треба да видиме каде ни се системските пропусти во здравството и заеднички да ги решиме на маса водејќи културен, искрен дијалог и така да дојдеме до разумни решенија или постигнувајќи компромиси да постигнеме задоволство на сите страни.

Со почит

Додека јавноста останува збунета и зачудена дали е најден или не изворот на листериоза, дали има или не листерија во „Екстра-меин“, институциите тивко се расправаат и даваат спротивставени информации за истрагата, а не одговараат на сите поставени прашања. Тоа само ја продлабочува збунетоста и ги истакнува нелогичностите или необјаснетите моменти во истрагата за изворот на листериоза од која починаа четворица

Институциите засега и должат на јавноста одговори на повеќе прашања околу листеријата

Во потрагата по листерија се загубија граѓаните

Три недели откако беше објавено дека опасната бактерија листерија месец-два разболува и усмртува не е најден изворот на заразата. Најпрво беше обелоденето дека бактеријата е најдена во производ на кумановската фабрика „Екстра-меин“, но лабораториските анализи покажаа дека ја нема во фабриката и во производи од истата серија. Додека јавноста останува збунета и зачудена дали е најден или не изворот на листериоза, дали има или не листерија во „Екстра-меин“, институциите тивко се расправаат и даваат спротивставени информации за истрагата, а не одговараат на сите поставени прашања. Тоа само ја продлабочува збунетоста и ги истакнува нелогичностите или необјаснетите моменти во истрагата за изворот на листериоза.

За листеријата останаа многу отворени прашања и сомневања. А затвореноста на институциите оди дотаму што дури не ги објаснуваат правилата и практиките по кои работат или треба да работат.

Непедантност или грешки во постапката?

Првиот чуден момент во истрагата за листерија е начинот на кој е водена постапката за земање мостри, а потоа и за испитување на примерокот во кој, како што информираа од Комисијата за заразни болести, е најдена листерија. Според документите што ги пласира компанијата, а досега никој не ги демантира, постапката за мострирањето е водена многу чудно и, очигледно, непедантно и непрецизно.

На записникот со кој се примаат во лабораторијата, во горниот дел, во делот во кој стои место за датумот, тој е напишан, а потоа е исчкртан. Во него е запишан називот на фирмата (малопродажниот објект) од кој се земени примероци, но не и адреса, телефонски број, лице за контакт. Според овој документ, земени се пет различни типа производи, а вкупно 10 примероци-мостри за анализа. На него има два своерачни потписа.

Во извештајот од тестирањето во кој стои дека е најдена листерија е наведено дека примероците се земени на 25 јули годинава, а истиот ден се донесени на испитување. Меѓутоа, во известувањето што од центарот било испратено до Министерството за здравство на 5 август е наведено дека примероците се земени на 23 јули, или два дена претходно, и дека биле стигнати пет мостри, а во една била најдена листерија.

Д-р Флорентина Ристовска-Шурбевска, директорка на велешкиот центар за јавно здравје, во телефонскиот разговор објасни дека мострите кај нив се однесени на 23 јули пред полноќ.

– До 3 часот наутро ги садевме материјалите. Потоа ја заклучив лабораторијата. На 24 јули бев во Скопје, во Министерството за здравство. Административно се заведени во петокот на 25 јули. Затоа се разликуваат датумите. Не можев во средата вечер да повикувам вработени од дома за административно да ги заведеме. Тие луѓе треба да се платат. Ние имавме добар извештај од мајка на болно дете, која прецизно кажала каде купила и што. Затоа брзо реагиравме. Трагавме по причинителот на болеста – вели Ристовска-Шурбевска.

Кога станува збор за мострирање производи од страна на инспектор, научниците велат дека има процедура според која на анализа мора да се однесат одреден број производи од иста серија, а за мострирање треба да се има акредитација. Кои се правилата што треба да се почитуваат и каква е практиката кај нас не успеавме да дознаеме од институциите.

Д-р Ристовска-Шурбевска вели дека е точно оти има правила, но тие важат за инспекторите од Агенцијата за храна, кои се должни да ја испитуваат.
– Во овој случај ние имавме задача да се вклучиме во истрагата и, ќе повторам, трагавме по причинител на болеста – вели таа.

Може или не може да има до 100 бактерии

Една од најголемите забуни предизвика толкувањето на Правилникот за посебни барања што се однесуваат на микробиолошки критериуми на храната. Имено, во документот од Центарот за јавно здравје во Велес во кој е наведено дека поради листерија производот сечкан свински врат е неисправен не стои колку бактерии се најдени. Според научници од Факултетот за ветеринарна медицина, овој правилник дозволува во еден грам вакуумиран сечкан свински врат да има 100 бактерии или 100 колонии листерија. Тоа значи дека ако некаде се најде листерија, мора бројчено да се утврди колку бактерии има во грам производ за да се прогласи за неисправен.

– Ако не се утврди колку бактерии листерија има во примерок, не може да се каже дека не е исправен. Тоа што е напишано дека примерокот не е исправен, а нема напишано број за колку бактерии станува збор значи дека не е во ред заклучокот – вели проф. д-р Дине Митров, декан на факултетот.

И директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство вели дека, според правилникот, на грам ваков производ (сечкан свински врат) може да има 100 колонии. Меѓутоа, различно го чита директорката на Центарот за јавно здравје во Велес, во чија лабораторија беше пронајдена листеријата.

– Тоа дека може да има 100 колонии не се однесува за ваков производ. Според правилникот, во ваков производ не може да има ниту една колонија во 25 грама. Ние направивме броење на листеријата. Меѓутоа брзавме да издадеме документ дека ја има за да може да се реагира, за доброто на граѓаните – вели Флорентина Ристевска-Шурбевска.
Таа вели дека наодот во кој е најдена листерија под број 2 го испратиле до Институтот за микробиологија и паразитологија.

– Таму го испративме за да избегнеме притисоци. Поради притисоци и беше испратен со бројка – вели таа.
Од овој институт плочите потоа се испратени на генотипизација на Факултетот за ветеринарна медицина. Зошто примерокот шетал низ три лаборатории засега не е јасно. Исто така останува прашањето дали во овој случај е избрзано прогласувањето неисправен на производот и јавното кажување фирма во чиј производ е најдена листерија?

Испуштена можност за заштита

Забуна предизвика и тоа што истиот генотип на листерија беше најден кај осуммина заболени, или поточно сите познати до моментот додека се правел. Од Министерството за здравство, пак, кажаа дека двајца од болните во епидемиолошката анкета кажале дека јадат ист производ. Научници велат дека треба да се истражи дали е можно истиот генотип на листерија да се изолира кај пациенти што не јаделе иста храна и не живеат во исти градови, а тој да се совпадне со бактерија најдена во единствен производ.

Она што исто така остана како зачудувачки момент е што, според изјавата од комисијата, бактеријата е најдена во производ произведен на 21 јули, а случаите на заболувањата беа пред тој датум. Тоа значи дека би требало да ја има во производство или во суровина. Меѓутоа, сите анализи од фабриката и производите покажаа дека во нив нема листерија.

Овој податок пред три дена го потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство. Половина час подоцна информација стигна и од Комисијата за заразни болести и во него се повтори дека бактеријата е најдена во спорниот свински врат, а нејзиниот генотип во 98 проценти се совпаѓа со генотипот на осуммина болни. Граѓаните и понатаму останаа збунети.

Остана отворено и прашањето кој е одговорен доколку во производството нема бактерија, а таа биде најдена во производ во продавница. Колкава е можноста за неправилно чување и контаминирање при дистрибуција, на пример?

– Точно е дека кога станува збор за здравје и сомневање за можно труење треба брзо да се дејствува, но брзото објавување на името на фирмата без да се земат предвид сите околности во кои би можело да настане контаминација прозвучи како лов на вештерки. Како некој некому да му наредил итно да се најде виновник, а овој да го барал по секоја цена. Каде е пресумцијата на невиност? Мислам дека имаше и други можности на дејствување што би ги заштитиле и граѓаните и компанијата. Дополнително, има многу загубено време и целосно различна насока во истражувањето – коментира епидемиолог.

Инаку, министерот за здравство Никола Тодоров неодамна поднесе кривична пријава против непознат сторител, а аргументи и информации од постапката на истражување се испраќаат до обвинителството.

Шеснаесетгодишна девојка – десетти заболен од листерија

Шеснаесетгодишно девојче од Неготино се заразило од листерија, известија од Комисијата за заразни болести.
Девојчето, според нив, засега е во стабилна здравствена состојба. Во тек се испитувања за да се утврди причината за заразата. Според директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Ѕвонко Миленковиќ, кој е и претседател на комисијата, листеријата се пренесува само преку храна, а поради долгата инкубација на болеста, и до 70 дена, тешко е да се утврди првично како се разболела девојката.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари