НЕМА ДА ИМА КАЗНИ ЗА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПОРАДИ „МОЈ ТЕРМИН“

ЗПЛРМ реагираше до МЗ,а МЗ ги прифати сугестиите.

Матичните лакари од Крива Паланка кои во еден ист ден кај специјалист упатиле дури 57 пацинети се жртви на слабостите на здравствениот систем. Министерството за здравство кое уште пред да ја испита состојбата ги посочи како негативен пример, барајќи ја вината во нив, се соочи со фактот дека во градот нема доволно интернисти. Утврдиле дека матичните лекари го искористиле првиот слободен момент за препишување и продолжување на терапијата кај хронично болните пацинети, а не за да ја префрлат одговорноста на нивните колеги од секундарното здравство.

„Сите тие термини беа креирани на 12 мај, бидејќи анализа беше правена 3 месеци наназад. 12 мај беше понеделник, а термините се одобруваат максимум до 10 во месецот за наредниот месец. И бидејќи конкретниот доктор бил полн со термини за месец мај, матичните го искористиле моментот кога на 12-ти утрото се ослободуваат термините за наредниот месец јуни. Тројца доктори од паланка го имаат направено тоа“, изјави Милан Аризанковски, проект-менаџер на „Мој термин“.

Министерството за здравство нема конкретно објаснување зошто имињата на лекарите ги објави пред да ја испита состојбата. Наместо одговор, вината ја прфрли кај медиумите.

„Имаше реакции од приватните лекари дека не треба да бидат опоменувани, но имаше и лоши преноси од страна на медиумите. Имаше пренос дека сите тие пацинети биле упатувани до Скопје, а никој не спомена дека биле упатувани во Скопје. Тие биле интерно упатувани до Крива Паланка или евентуално до Кратово“, вели Аризанковски.

За да се реши проблемот во Крива Паланка, министерството ќе формира посебна амбуланта за препишување терапија на хронично болните, ќе вработува и нови интернисти, а во меѓувреме нивни колеги од околината ќа даваат здравствени услуги во градот. Санкции нема да има за никого, ќе има само едукација за матичните лекари како да постапуваат во вакви ситуации, а на специјалистите ќе им се наложи да не ги враќаат пацинетите назад кај матичните, туку одговорноста за контролните прегледи и за продолжување на хроничната терапија да ја преземат тие.

Весна Јовановска Дојчиновска

Извор

Коментари (1)

 

  1. vanco.georgiev напиша:

    Навистина недолично беше помпезното линчување на лекарите преку медиумите дека издавале повеќе упати од тоа што е потребно. Немојте да ги обвинувате медиумите, нив некој претходно мора да ги повика и да им даде приказна. Но она што остави црна дамка во сиот овој случај е несериозниот пристап на одговорните лица кон проблемот кој навистина постои. Воведувањето на Мој Термин е еден сериозен проект кој според мене беше и се уште се реализира на несериозен начин. Наместо да се трча по медиуми и казнуваат лекари потребен е еден многу посериозен и поконструктивен пристап за на крај Мој Термин биде една успешна приказна. Во секој случај неопходно е формирање на комисија составена од лекари фармацевти и претставници на министерство за здравство која редовно ќе го следи функционирањето на Мој термин и сете промени кои доаѓаат од ФЗО и која навреме ќе ги регистрира сите аномалии и на крај ќе се изнајде вистинско решение без некого да се казнува или по некого да се плука во медиуми. Впрочем проблемот на упатување не е од вчера. Прво матичните лекари имаат толку ограничена палета на дијагностички испитувања што практично освен за настинка или покачен шеќер понатака и не можат со сигурност да постават и потврдат дијагноза а да не го испратат пациентот на специјалист (нема хепатални проби, нема тироидни хормони и да не набројувам уште). И да биде поставена дијагнозата џабе е- тој не може самостојно да препише пола од лековите. Второ матичниот лекар е платен по број на пациенти- систем кој има огромна слабост и кој е одамна напуштен од западните земји. Кога платата на лекарот дирактно зависи од бројот на пациенти лекарот тешко може да се држи до медицина базирана на докази- тој е едноставно слуга на пациентот. Лично сум имал случаи кога пациенти доѓаат кај мене и ми велат докторе дајте ми рентген упат за да ја снимам ногата, без претходно да ми објасни какви симптоми има. И ако му речам дека тој не е кандидат за такво снимање истиот се лути незадоволен или се заканува дека ќе си замине од кај мене. (примери има уште многу).
    Затоа наместо казнување лекари, фалбаџиство по медиуми, институциите нека си се фатат сериозно за работа. Крајно време е да престане тоа однесување кон лекарите како со метли за бришење ходници.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари