V конгрес на СЕЕМФ
Почитувани,
Имаме задоволство да Ве известиме дека во Брисел од Европската комисија за акредитација на КМЕ (EACCME), на (UEMS) Европско Здружение на специјалисти по медицина, дека Конгресот е акредитиран со максимални 15 бода, признати во Европската Унија и Соединетите Американски држави, што е уште едно значајно признание, во континуитет за квалитетот за Конгресите за досегашните и сегашниот V Конгрес на СЕЕМФ.
Драго ни е оваа информација да ја споделиме со Вас и да Ве замолиме да ја пренесете до колегите од Вашата институција за помасовно учество на овој значаен меѓународен Конгрес кој за разлика од другите меѓународни Конгреси е со ниска котизација многу подостапен а со верифицирано висок квалитет и според бодовите од UEMEES.
Сите информации за петтиот Конгрес на СЕЕМФ се на веб страната
http://www.seemfcongress.zdravenews.eu/
Да ве замолиме да помогнете за овозможување што помасовен број на колеги да учествуваат и да ги користат благодетите на овој значаен Конгрес со исклучително ниски цени за разлика од другите меѓународни Конгреси.
Со почит ,
Ко-претседател на Конгресот на СЕЕМФ
Претседател на Македонско лекарско друштво
Проф. д-р Јован Тофоски




