Уште три месеци за поврзувањето на фискалните со УЈП
Роковите за имплементирање на интегрираниот автоматски систем на управување се пролонгираат со измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања, кои се веќе во Собранието.
Со овие најнови измени не се чепка во законската обврска за издавање на таканаречените патриотски фискални сметки на кои треба да бидат испечатени логото, знакот и пораките за поттикнување на купувањето на македонски производи.
Исто така, останува и обврската на сметката посебно да се евидентира прометот со производи од македонско потекло, како и данокот платен за нив.
Со новите решенија даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 милиони денари, угостителите и бензинските пумпи интегрираниот автоматски систем на управување треба да го имплементираат до 31 октомври годинава, наместо до крајот на овој месец. За сите други даночни обврзници крајниот рок 31 октомври годинава се поместува до 31 јануари 2015 година. Обврската и за едните и за другите тече од 1 мај годинава.




