Нови фискални каси и нов трошок

Поскапува струјата, поскапува бензинот, се се менува само бодот кај матичниот доктор не!

ИНФО ТЕКСТ ЗА ИНТЕГРИРАН АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ФИСКАЛНИТЕ КАСИ (GPRS терминал и крипто модул)

Со измените на Законот за регистрирање за готовинските плаќања од 31.05.2013 година беше воведено задолжително поседување на интегриран автоматски систем за управување со фискалните каси во текот на 2014 година.

Според законот, потребно е секој фискален апарат да се поврзе со интегриран автоматски систем на управување кој се состои од GPRS терминал и крипто модул со што се овозможува секојдневна двонасочна комуникација и пренос на податоци помеѓу фискалниот апарат на даночниот обврзник и серверот на Управата за јавни приходи. GPRS терминалот и крипто модулот може да бидат надворешно поврзани со фискалната апаратура или вградени во фискалната апаратура.

Даночниот обврзник има законска обврска да ја замени крипто картата која е составен дел на крипто модулот еднаш годишно и заменетата крипто карта да ја чува најмалку пет години во објектот. По исклучок, крипто модулот од резервниот фискален систем на опрема треба да се заменува на секои пет години.

Пропишаната казна за прекршување на оваа одредба е 2.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 800 евра во денарска против вредност за одговорното лице во правното лице за Понатаму, задолжително е електронско пренесување на податоците од фискалната меморија запишани пред воведување на интегрираниот автоматски систем за управување во серверот на Управата за јавни приходи преку интегрираниот автоматски систем за управување.

Пропишаната казна за непоседување интегриран автоматски систем на управување е глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице, 750 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице и забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена.

Доколку во рок од 8 дена не биде платена глобата, УЈП ќе изрече поголема казна во износ од 5.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 1.500 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице.
Доколку во рок од 15 дена правното лице не инсталира GRPS терминал и крипто модул на фискалната апаратура, забраната за вршење дејност ќе биде продолжена за 60 дена.

Инсталирањето на интегрираниот автоматски систем за управување според овој закон треба да започне од:

– 1 маj 2014 до 31 јули 2014 година, за даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, даночни обврзници кои вршат угостителска дејност и за даночни обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензиски пумпи) и

– 1 маj 2014 до 31 октомври 2014 година, за сите други даночни обврзници.

И покрај оваа законски предвидена рамка, институциите кои се задолжени за имплеметирање на оваа новина (УЈП), во исто време и правните лица кои треба да ги обезбедат овие системи (Давид компјутери, Акцент компјутери) сеуште не се спремни за ова и ги немаат потребните информации што значи дека веројатно рокот ќе биде одложен за некој месец.

Сепак, во очекување на оваа новина која ќе ви создаде дополнителни трошоци, ве известувам дека треба да бидете во контакт со фирмите од каде ги имате набавено вашите фискални каси за да ги набавите овие системи кога ќе постои техничка можност за тоа.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари