РАСТЕ БРОЈОТ НА ЛУЃЕ СО ПРЕКУМЕРНА ТЕЖИНА

Се` повеќе граѓани се дебелеат или пак страдаат од шеќер во крвта. Ова го откриле превентивните прегледи на матичните лекари кои се направени врз околу половина милион пациенти во земјата. Во споредба со состојбата од пред десетина години, лекарите велат дека бројот на граѓани со прекумерна тежина или пак дијабетичари се повеќе се зголемува особено меѓу младите, а тие воопшто не се свесни за опасноста од ова.

Точниот број на луѓе кои страдаат од дебелина или пак дијабетис државата се уште не го знае. Резултати се очекуваат по завршувањето на сите превентивни прегледи, обврска која ја има секој матичен лекар да ја спроведе врз своите здрави пациенти.

Инаку според лекарите брзиот начин на живот, седењето пред комјутер и реткото спортување се најчестите причини поради кои населението се дебелее или страда од дијабетес. Апелираат дека еден час рекреација дневно ќе го подобри здравјето на секој човек.

Билјана Николовска

Видео

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари