Едукација за рационално користење на антибиотици кај малите деца
На ден 18.04.2014 година Др Лилија Чолакова Дервишова и Доц Др Бистра Ангеловска направија едукација во детска градинка во Кочани на родителите за Рационално користење на антибиотици кај малите деца. Тоа е Проект на Министерство за здравство – се со цел да се намали непотребното користење на антибиотици кај нашите деца.




