Министерството за здравство со писмена реакција на изјавата на др. Лилија Чолакова Дервишева, претседател на Здружението на приватни лекари
Матичните лекари ќе бидат дел од редовни обуки, презентации и стручни дискусии со избрани специјалисти од Универзитетските клиники на тема примената на клиничките упатства.
Упатствата по својата суштина се насоки за лекување, но секој доктор може да отстапи од упатствата доколку смета дека за конкретниот пациент е поефикасно и побезбедно да се отстапи во одреден дел или во целост, но за истот треба да состави соодветна медицинска белешка, во зависност од состојбата на пациентот, која што белешшка е составен дел на историјата на пациентот.
Прочитајте го Член 3 од воведната страна на секое упатство (во прилог). Во тој контекст би станувало збор за казнување само во случај отстапувањето од упатствата да биде направено во отсуство на издржана аргументација која е и документирана во медицинскокто досие на пациентот.
Точно е и дека во одредени упатства постојат одредени препораки кои можеби во овој момент инфраструктурата и можностите на нашиот здравствен систем не може да ги пружи. Секако дека НЕМА да биде казнет ниту еден матичен лекар доколку поради системска неможност отстапи од одредена препорака на клиничките упатства, но само во случај таа да биде издржана и добро аргументирана. Овој тип на отстапки, поточно нивното документирање и аргументирање, ќе ни служат нам (МЗ) во креирањето на политиките со цел во иднина да овозможуваме што е можно повеќе од овие отстапки да не бидат отстапки туку да можат да се применуваат во целост, стои во писмениот допис кој Министерството за здравство го испрати во редакцијата на Лисица.мк (писмената реакција е објавена во целост)




