КОЛАПС НА ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВО

Приватното здравство е во колапс, алармираат од Зружението на приватни лекари на Македонија. Околу две илјади доктори од земјава се револтирани поради зачестените новини и закони што им ги наложува Министерството за здравство, а со кои им наметнува големи давачки и неразумен начин на лекување на пациентите. Последниот шок за лекарите доаѓа откако и тие како регистрирани фирми мора да им исплатат К – 15 на нивните вработени.

Вчера до доцна вечерта Управниот одбор на Здружението заседавал и донел одлука за итна средба со министерот за здравство и преставници на Фондот. Лекарите ќе предложат државата да им исплаќа повисока капитацијта која сега е 50 денари од преглед и која не претрпела никакви промени откако е воведена во 2001 година. Во споротивно, се заканија дека ќе преземат порадикални чекори, а дел од лекарите предложиле и протест.

Велат дека ако државата не може да ги исплаќа приватните лекари кои се еден од столбовите на здравствениот систем ,тогаш нека ги следи европските трендови и преку алтернативни извори да обезбеди повисока капитација. Реагираат и на протоколот што го воведува министерот за здравство. Велат на 4000 страници е напишано како сите лекари треба да работат, но со лекови кои не постојат во земјава или на начин што не соодвествува со навиките на пациентите во земјава.

Билјана Николовска

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари