ВОВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕГРИРАН ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Министерството за здравство, согласно “Стратегијата за развој на Македонски интегриран здравствен информатички систем“, (Документ IT_strategija_IZIS) заедно со своите клучни партнери, Фондот за здравствено осигурување и Институтот за јавно здравје, а во непосредна соработка со здравствените установи и институциите од сите сегменти на здравствената заштита, спроведува проекти за информатизација на здравството.
Пред сите е поставена висока цел – да се воспостават автоматизирани процеси на работа во ординациите од сите нивоа на здравствена заштита, здравствената администрација и аптеките. За да биде целта исполнета, неопходно е централизирање на медицинските податоци за сите учесници во здравствениот систем, односно, сите корисници на здравствени услуги.
За сето ова, Министерството презема повеќе чекори. Изграден е современ Дата центар во кој се обезбедени сите услови за безбедно чување и сигурен пристап до податоците кои ќе се прибираат од сите нивоа на здравствениот систем.
Во Дата центарот ќе бидат поставени следните софтверски решенија:
– Софтвер за Примарно здравство со сите дејност
– Софтвер за ординации од специјалистичко дијагностичка дејност како дел од целосна апликација за основно болничко работење
– Софтвер за болничко работење со основни функционалност
– Интерфејс за болници
– Апликација за Регистри за јавно здравје
– Централни регистри, единствени шифрарници и кодни лист
– Интерфејс за аптеки базиран на веб сервис
Сите решенија ќе бидат интегрирани во систем, кој има за цел да го постигне следното:
– Во здравствените установи да се овозможи воведување на нови работни процеси преку воведување на електронски здравствен картон, електронски рецепт, електронски упат, електронско закажување на прегледи и други услуги
– Намалување на бројот на двојни прегледи
– Да се овозможи брза комуникација и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита
– Поквалитетна услуга и намалување на ризикот од погрешни стручни одлуки
– Да се добие финансиска заштеда преку преоѓање на електронско работење со електронски документи кои ќе ги заменат досегашните хартиени упати и рецепти
– Да се добијат точни податоци за сите сегменти кои ги опфаќа здравствениот систем
– Граѓаните да добијат можност преку Интернет да пристапат на сигурен начин до сопствените податоци и корисни информации.
Во документот Medicus Net е даден осврт на апликацијата за ординациите од примарно здравство Medicus.Net, како и условите кои овие ординации треба да ги исполнат за нејзино користење (Документ Технички Барања), со што тие ќе станат дел од Интегрираниот систем и ќе имаат можност да ги користат сите предности кои тој ги носи.
Коментари (1)





MORA LI 2 KOMPJUTERI ZA EDNA PZU?DO KOGA EROKOT ZA LICENCIRANE/i DO KOGA E ROKOT ZA IZIS ?