Дури 23 здравствени домови немале дежурни служби фондот излегува од контрола
Во 23 здравствени домови нема дежурни служби. Во овие градови за викенд, празници и трета смена пациентите се оставени сами да се снаоѓаат за да дојдат до лекар. Иако имаат обврска домовите кои немаат доволно кадар не ги ангажирале да дежураат ниту матичните лекари. Ги откриле аптеките кои за време на викендите не издавале ни еден лек на рецепт.
Скопје е еден од малкуте градови каде има дежурни служби во Здравствените домови. Од неодамна две екипи за деца и за возрасни дежураат во саботите од 7 до 19-30 и во поликлиниката Идадија.
Во дежурните служби лекарите го користат печатот на Здравствениот дом и можат да препишуваат лекови на рецепт.
АЛЕКСАНДАР ДИНЕВ




