Информација од Министерство за здравство

Почитувани,

Медицината базирана на докази подразбира употреба на докази добиени со помош на научни методи во одредени делови на медицинската практична дејност. Медицина заснована на докази има за цел добивање квалитетни докази кои информираат за ризиците и бенефитите од медицинскиот третман и подразбира разумна, експлицитна, издржана употреба на моментално најдобрите докази во донесувањето одлуки за грижата на секој пациент.

Сигурни сме дека досега успеавме да ви ја прикажеме сериозноста и значењето за употребата на Упатствата за практицирање на Медицина Базирана на Докази од страна на сите лекари. Ова, како што и досега сме нагласиле, ќе обезбеди воедначена здравствена заштита низ целата држава од една страна, но и ќе ви биде од голема полза при вашата секојдневна работа како начин како да ги применувате најновите и меѓународно прифатени медицински докази, бидејќи можат да ве заштат од лекарски грешки како и од оние пациенти кои доаѓаат со желби и со однапред самоординирана терапија.

Свесни сме дека Упатствата не лечат, туку лечат здравствените работници, па така овие документи се ваша алатка за работа, од кои секогаш можете да отстапите ако за тоа постои соодветна медицинска оправданост, при што истото треба да го нотирате во форма на медицинска белешка која ќе остане како дел од медицинската евиденција и
документација за тој пациент.

Упатствата поделени по специјалност, се достапни на страната на Министерството за здравство на овој линк http://zdravstvo.gov.mk/upatstva

Би сакале да ви укажеме дека Министерството за здравство останува посветено на целосна имплементација на овој проект. Поради тоа постојано ќе го следиме нивното имплементирање, како преку директни редовни и вонредни контроли, така и преку индиректни анализи (аналитика на издадени рецепти, издадени упати и резултати,
генерички податоци од информатичкиот електронски систем во здравството).

Убедени сме дека ќе ги преземете овие упатства и дека заедничкиот бенефит многу брзо ќе биде очигледен, како за пациентите, така и за вас, а во крајна линија, и за системот во целост.

Со почит,
Министерство за здравство

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари