Нови давачки за приватниот сектор

К15 за сите вработени и 0,5 % од години на работен стаж.

Кој вели дека здравството е бесплатно???

Примарното здравство веќе со години реализира прегледи-неограничен број на ден,без никаква партиципација од страна на нашите пациенти. Бројот на давачки секојдневно се зголемува-осигурување од професионална грешка,електронско здравство-кое во моментов се принта на многу хартија,елаборати за безбедност на работа,фирмарини,софтверски куќи,ампуларна терапија,лиценци за компјутери,антивирус програми, а сега уште и К 15 за сите вработени во приватно здравство.А висината на нашиот бод никако да се зголеми.Во состојба кога бодот е бетониран на 50 денари по
човек веќе со години.

Зошто да не плаќаат сите вработени фиксен процент за здравство(целокупната администрација на оваа држава,зошто да не се воведе вињетка и да не се зема процент и од неа за здравство).Така ќе имаме здравство кое ќе може да
ги издржи сите потреби на нашите пациенти.Мора работите да продолжат да се движат за задоволство на сите страни.

Проблеми кои сеуште ни се стратешки важни за опстанокот на матичните доктори во РМ:

1.Не смее да се гаси фирма ако почине сопственикот на ПЗУ.Секоја фирма е мал БРЕНД.

2.Мора да се врати пациентите да се на ПЗУ-кога заминува вработениот доктор,нема теорија сите пациенти кои биле на него да дојдат со електронски картички да се пријават наново???? Се руши сета финансиска рамка на ПЗУ то.

3.Време е да се разговара со Министерство за Здравство пак за висината на бодот или за пакетот на примарно здравство.

ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари