Апел за хуманост од ФЗОМ

Почитувани колеги,

Србија и Босна и Херцеговина денес ги преживуваат најтрагичните моменти погодени од досега незапаметени поплави кои однесоа неколку човечки животи, а илјадници луѓе оставија без своите домови , без храна, вода и основни средства за живот. Нашата држава и нашите граѓани, како и многу пати досега, ја покажаа својата солидарност помагајќи им на своите пријатели во несреќата што ги снајде, како со испраќање стручни тимови на лице место во краиштата погодени од поплавите, така и со помошта што нашите граѓани, во голем број, несебично ја даруваа за населението на Србија и Босна и Херцеговина што го снајде оваа, досега невидена на овие простори, природна катастрофа. За нашата хуманост како држава, нашироко известуваа сите медиуми во Србија, а добивме и јавна благодарност од амбасадорката на оваа соседна држава г-а Душанка Дивјак-Томиќ.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија , како што е познато, секогаш е на страната на хуманоста. Нашите вработени редовно се одзиваат на акциите за дарување крв, но и масовно учествуваат и ги поддржуваат сите хуманитарни активности . Токму поради тоа, ве повикувам и овој пат, сите ние, да се вклучиме во хуманата мисија за помош во поплавените подрачја и, во рамките на своите можности, да донираме колку можеме и да им помогнеме на несреќните луѓе во загрозените подрачја во Србија и во Босна и Херцеговина. Да донираме облека, обувки, куќни апарати, постелнина, средства за хигиена, ќебиња, бебешка храна, вода за пиење и слични потребни работи за секојдневен живот.

Собирен пункт за доставување на хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст во Момин Поток, на адреса улица Момин Поток бб, тел. 3096227. На локално ниво, помошта може да се донира во општинските организации на Црвеиот крст надвор од Скопје. Хуманитарната акција ќе трае до 31 мај.

Црвениот крст на Македонија информира дека парична помош може да се уплати на жиро сметка – Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. Отворени се и посебни телефонски линии 075/070/077 143 400 на кои граѓаните со секој повик можат да донираат по 100 денари.

Со почит,
Директор
М-р Маја Парнарџиева-Змејкова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари