Информација за пензионери за ЕЗК
ФЗОМ би сакал да упати апел до сите пензионери кои немаат поднесено барање за електронска здравствена картичка, во најбрз можен рок да дојдат во подрачните служби на Фондот и да поднесат барање. Наскоро, пензионерите ќе можат ЕДИНСТВЕНО со електронската здравствена картичка да ги остварат потребните здравствени услуги.
Пензионерите кои имаат пензија која е помала од 15,000 денари, треба да уплатат 100 денари за електронската картичка. Оние пензионери чија пензија е повисока од 15,000 денари, ќе треба да уплатат 250 денари.
Врз основа на Законот за здравственото осигурување, уплатата на средствата за електронска здравствена картичка треба да се врши на долу наведената сметка:
Примач: Трезорска сметка
Фонд за Здравствено осигурување на Македонија
Банка на Примач: НБРМ
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 660026001166012
Приходна шифра: 723819
Програма: 00
За сите информации во врска со електронските здравствени картички и нивната изработка, граѓаните може да се информираат на бесплатниот телефонски број 0800 33 222 во периодот од 8.30 до 20 часот или на мобилниот телефонски број 076 339 180 во периодот од 12 до 20 часот.




