ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНТЕРНИСТИ НА РМ – ПОКАНА ЗА СТРУЧЕН СОСТАНОК

Почитувани,

Со голема чест и задоволство Ве покануваме на стручен состанок, на тема:

“СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ЛЕКУВАЊЕ НА НАЈЧЕСТИТЕ РЕВМАТОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА“

Состанокот ќе се одржи на ден 09.05.2014 година во конгресната сала на “Скопски саем“, со почеток во 15.00 часот по следниот дневен ред:

14. 30 -15. 00 Пријавување

15.00 СЕСИЈА 1

1. Свечено отварање – Д-р. Александар Манолев, Претседател на Здружение на Интернисти на РМ
2. Остеоартритис- Современи аспекти во дефинирање и третман- Проф. Георѓи Божиновски, редовен професор на Клиника за Ревматологија
3. Ревматоиден артритис- Современа класификација, дијагноза и лекување- Асс. Д-р. Љубинка Дамјановска, Клиника за Ревматологија

16. 00 Кафе пауза

16.15 СЕСИЈА 2

4. Остеопороза- Последни препораки – Проф. Д-р. Снежана Марковиќ – Темелковска, насловен вонреден професор на Клиника за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања.
5. Raynaud феномен- Современа дефинираност, терминологија, дијагноза и лекување – Проф. д-р. Георѓи Божиновски, редовен професор на Клиника за Ревматологија
6. Ортомолекуларност и нутрицевтски препарати во ревматологијата – Д-р. Стојан Николиќ- HealthAid, Скопје

17. 15 Коктел
Пријавување и котизација

Членови на здружението со подмирена членарина за 2014 година – ослободени од котизација.

Рано пријавување (за надворешни членови) до 06.05.2014 г.

– 450,00 денари

-650,00 денари (07.05.2014 – 09.05.2014 г.)

За сите учесници:

1. Задолжително пријавување на маил:

internistimk@gmail.com

2. Уплата на жиро сметка

До:
Здружение на интернисти на МК
жиро сметка: 300000003352744;
Депонент: Комерцијална банка
Назнака: за ревматолошки состанок,
Име и Презиме на лекар;
Износ: ден

За сите учесници е сертификат акредитиран од ЛКМ.

Искрено се надеваме на Вашето присуство,

Со почит,
Организационен одбор на Интернисти на МК

Претседател
Д-р. Александар Манолев
Состанокот се организира во соработка со HealthAid – Скопје.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари