СООПШТЕНИЕ ЗА ЛЕКАРИ КОИ НЕ САКААТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите лекари – носители на здравствена дејност, вработени на неопределено време со полно работно време, во приватни здравствени установи кои не се корисници на простор под закуп и кои оствариле право на пензија, дека со Одлука на Управниот одбор на Фондот можат да продолжат да работат со Фондот. Оваа можност може да ја остварат под услов пензијата да ја имаат ставено во мирување и да имаат валидна дозвола за работа во мрежата на здравствените установи.

Исто така Фондот за здравствено осигурвање на Македонија им овозможува на лекарите – концесионери кои исполниле услови за пензионирање со добивање на нова лиценца од Министерството за здравство да склучат договор со Фондот.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија посветено работи да им овозможи на своите осигуреници што поквалитетни, континуирани и подостапни здравствени услуги.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари