Известување од ФЗОМ

Почитувани,

Заради одредени поплаки добиени од страна на наши осигуреници и аптеки кои имаат договор со Фондот, ве известуваме дека:

Сите осигурени лица кои имаат уредно пропишан важечки хартиен рецепт за лек на товар на ФЗОМ (пополнет компјутерски или на рака од страна на лекарот) не смеат да бидат вратени од аптеките доколку има проблем за реализација на електронски рецепт во аптеките преку веб сервисот Мој термин на Министерството за здравство.

Аптеките задолжително треба да го издадат уредно пропишаниот лек на важечки рецептен образец на ФЗОМ за осигурено лице на Фондот, согласно законските прописи. Таквите реализирани рецепти ќе бидат прифатени од ФЗОМ.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија останува доследен на залагањата за задоволување на потребите и остварување на правата на нашите осигуреници.

Со почит,
ФЗОМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари