Без матичен гинеколог околу 400.000 жени

Без матичен гинеколог околу 400.000 жени

По неколку месеци без матичен гинеколог, жителките на општина Чаир повторно можат да го изберат овој лекар во Поликлиниката „Чаир“, каде што од пред 20-ина дена со сини картони почна да работи ваков специјалист. Од Фондот за здравство потврдуваат дека од околу 900.000 жени во земјава, кои може да го изберат овој специјалист, матичен гинеколог немаат дури 45 отсто, значи околу 400.000 жени! Од Здравствениот дом-Скопје најавуваат дека наскоро ќе профункционираат уште две гинеколошки ординации во поликлиниката, а конкурсите за издавање на дејноста под концесија се во тек.

– Освен гинеколошката ординација, која неодамна почна да работи, во план е доделување уште две концесии за таа дејност за, во интерес на пациентките, да се зголеми бројот на тие специјалисти во поликлиниката. Некаде, како во Поликлиниката „Јане Сандански“, имаше префрлување на гинеколог од Специјалната болница за гинекологија „Чаир“, а некои од тие лекари преминуваат и од приватните ординации и конкурираат на нашите огласи за концесија – вели д-р Тања Баевска, управничка на Здравствениот дом-Скопје.

Дел од пациентките што живеат во Чаир велат дека во меѓувреме морале да побараат лекар на друго место, зашто им бил неопходен гинеколошки преглед, а дел останале да чекаат друг лекар да се вработи, откако двајца гинеколози од поликлиниката заминале во пензија, а еден неодамна починал.

– До пред неколку години избиравме матичен од четири-пет гинеколози, а сега моравме да чекаме неколку недели додека да почне да работи друг лекар. Јас не можев да чекам, си го зедов картонот и одбрав друг гинеколог – вели жителка на Чаир.

Нејзина сосетка решила да почека, зашто ~ е најважно лекарот да ~ е во близина на местото на живеење, но и од други причини.

– Јас немам пари за приватно да плаќам ЕХО-преглед или ПАП-тест, особено што тие ми следуваат или бесплатно или со минимална партиципација кај избраниот гинеколог, и затоа чекав да се вработи друг гинеколог. Но добро е да има барем уште еден лекар на избор – вели 46-годишната М.Б.

Од Здружението на приватни лекари потсетуваат дека и гинеколозите се дефицитарен кадар подолг период – има само 125 гинеколози во примарната здравствена заштита, кои работат со Фондот за здравство – а кои треба да им се матични лекари на речиси 1 милион жени.

– Но гинеколозите што ќе специјализираат на државен трошок, потоа може да работат во болница или на клиника. Тие што сакаат да работат како матични, треба приватно да си платат специјализација и потоа или да добијат концесија и да работат со Фондот за здравство или да отворат ординација што нема да работи со сини картони и каде што пациентките приватно ќе ги плаќаат здравствените услуги. За да се поедностави вработувањето нови гинеколози, но и општи лекари, ние побаравме истата ординација, ако лекарот што е основач замине во пензија, или од други причини таа треба да згасне, да може да ја наследи гинеколог што е вработен таму, за да не му се доделува на друг концесионер, како што е предвидено со мрежата на јавни здравствени установи. Но, на ова барање досега немаме позитивен одговор – вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

Во тек се 48 нови специјализации

Гинеколог од пред три години се избира од 12-годишна возраст. За да се ублажи овој сериозен проблем, во тек се специјализации што ги доделува Министерството за здравство – вкупно 48 специјализации по гинекологија и акушерство се доделуваат почнувајќи од минатата година.

Љубица Балабан

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари