Соопштение до јавноста
Почитувани граѓани
Здружението на приватни лекари на РМ – апелира до сите пациенти кои се невработени и се осигурани преку Биро за вработување и кои не се пререгистрирале до сега,тоа да го направат со краен рок до следниот понеделник на 31.03.2014 година.До сега процентот на реализација на пререгистрација е 50 % што е многу малку.
Начинот на исплата кај матичните доктори е по број на лица кои имаат активно осигурување.Сите пациенти кои на 1 Април нема да имаат уредно здравствено осигурување,кои не се пререгистрирале во ФЗОМ-а ќе дојдат на преглед кај својот матичен доктор или кај специјалист-на сите за преглед ќе им биде наплатено приватно.Уште еднаш замолуваме сите да го почитуваме здравствениот систем-тој зависи од сите нас.
Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолаков Дервишова




