Нема преоден период за старите хронични рецепти Утрински Весник 12.04.2011

hronicni-recepti

Фондот ги обвинува матичните лекари, кои навреме
не ги информирале пациентите

Јасмина Јовановска

Нема преоден период за старите хронични рецепти. Фондот за здравствено осигурување за да им излезе во пресрет на болните, иако минатата недела најави дека старите хронични рецепти ќе важат до јули годинава, се премисли. Аптеките ќе може да издаваат лекови на хронично болните само ако имаат рецепти од тековниот месец. Така, ако пациентите имаат хронични рецепти со датум од февруари, тие повеќе нема да важат, туку за да го земат лекот, ќе мора да имаат рецепт од април. ФЗО не го интересира што хронично болните ќе мора да се враќаат кај матичните лекари по нови хронични рецепти и што за таквото малтретирање тие не се виновни. За непотребното шетање на хронично болните, во Фондот велат дека се виновни матичните лекари што навреме не ги информирале пациентите.

„За техничките измени во хроничниот рецепт, матичните лекари знаеја уште пред три месеци кога Фондот заврши со преговорите околу новите договори со концесионерите. Фондот не е виновен што коморите немаат комуникација со лекарите, кои уште тогаш требало да ги информираат пациентите дека од 1 април нема да им важат старите хронични рецепти, па ако треба и да почнат да издаваат рецепти со датуми од месецот кога болниот може да го подигне лекот“, потенцира портпаролот на Фондот за здравствено осигурување, Бранко Аџигогов. Уште повеќе, објаснува Аџигогов, што нема измена во препишувањето хронична терапија, само што сега на секој хроничен рецепт треба да има датум кога болниот ќе го подигне лекот в аптека. Така, на пример, ако сега хронично болниот појде на лекар, за одреден лек тој треба да му издаде три рецепти што ќе имаат различни датуми, односно првиот рецепт со датум од април, втората со мај, а третата со јуни.

Од Здружението на приватните лекари признаваат дека и матичните лекари го имаат македонскиот синдром да почнат да ја спроведуваат новината во пет до дванаесет.

„Уште во февруари на веб-страницата на Здружението беше поставен предлог-договорот и во него беше ставена и оваа новина. Но, бидејќи сите немаат време да ја отворат страницата беше договорено на состанок да се информираат матичните лекари. А и на координаторите тешко им оди да ги соберат матичните лекари. Најтешко е во Скопје каде што има околу 800 матични лекари што не доаѓаат на состанок, па затоа доцна разбрале за новината“, вели претседателот на Здружението на приватни лекари, д-р Лилјана Дервишева, која се правда дека не може на секој лекар поединечно да им се јавуваат на телефон.

Фондот ќе бара од матичните лекари, како и од аптекарите построго да го почитуваат правилникот за хроничен рецепт, со цел да не може терапијата за три месеци во аптеката да се подигне во еден месец. Посебно што до 1 април на трите хроничните рецепти имаше еден датум, датумот на препишување на рецептите.

На овој начин Фондот очекува во аптеките да има повеќе фондовски лекови и квотите на аптеките да не се трошат до десетти во месецот. Но, во аптеките велат дека и досега во еден месец не им издавале терапија за три месеци, туку дури им пресметувале дали едното кутивче им е доволно за еден месец, па за другите рецепти ги враќале да дојдат друг месец. Но, ова правило не го почитувале сите аптеки, па затоа се вовеле рецепти со точен датум на месецот кога може да се подигне лекот.

Изворна вест

Коментари2 коментари

 

  1. SLAVICA напиша:

    ТРОМЕСЕЧНАТА ТЕРАПИЈА ЈА ПИШУВАМ ВО ПРВИОТ МЕСЕЦ ОД ТРОМЕСЕЧЈЕТО,А ВО КАРТОНОТ НА ПАЦИЕНТОТ ОЗНАЧУВАМ ДЕКА ТЕРАПИЈАТА Е ИЗДАДЕНА ЗА 3 МЕСЕЦИ ( X 3 ) И ВО КОМПЈУТЕР ГИ ВНЕСУВАМ X 3

  2. svetlana palevska напиша:

    kako tie recepti da gi vnesam vo karton, dnevnik, kompjuter.zar da gi pisuvam na posebno mesto pa posle sekoj den da vnesuvam odnovo recepti. ova e nevozmozno koga ke se zeme predvid kolku novini sekojdnevno stapuvaat na sila,proglaseni epidemii, nokni i dnevni dezurctva,strav od precekoruvanje receptii boleduvanja, kade li mi se izgubija pacientite vo celata ovaa zbrka. sepak oni se najvazni neli?

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари