Измени на списоци за дежурства и започнување со дежурства во Поликлиника Идадија

Почитувани колеги,

Поради преоптеретеност на Поликлиниката Ѓорче Петров со огромен број на прегледи во саботните дежурства на кои дежураат матичните доктори (прегледите се двапати побројни од останатите поликлиники), во договор со ФЗОМ и Здравствен Дом Скопје се одлучи од април 2014 година избраните доктори да започнат со саботни дежурства во Поликлиника Идадија.

Очекуваме дека притисокот врз другите поликлиники ќе се намали со отворање на пункт во Поликлиника Идадија и ќе се овозможи поефикасна достапност на здравствената заштита за пациентите.

Поради тоа, се направи промена на списоците за дежурства во поликлиниките Ѓорче Петров, Бит Пазар и Ченто, со што дел од докторите ќе дежураат во Поликлиника Идадија.

На следните линкови можете да ги превземете списоците за дежурства за Поликлиника Идадија и Поликлиника Ѓорче Петров за периодот април-јуни 2014.

Распоред на дежурства Идадија

Распоред на дежурства Ѓорче Петров

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари