Матичните бараат Фондот да не им ги брои боледувањата и антибиотиците

ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ ГРИПОСАНИ

Матичните бараат Фондот да не им ги брои боледувањата и антибиотиците

Матичните бараат Фондот да не им ги брои боледувањата и антибиотиците

Фондот за здравство да не им ги брои издадените боледувања и антиобиотиците шти биле препишани изминативе три месеци, и да не им го намалува износот на капитацијата, бидејќи имало многу пациенти заболени од грип на кои терапијата им била неопходна, побарале од Здружението на приватни лекари од Фондот за здравство.

Матичните лекари велат дека барањето Фондот да им прогледа низ прсти и да не ги „удри по џебот“ е поради терапиите и боледувањата што морале да ги дадат.

– Имаше многу заболени од грип, а на голем дел од нив мораше да им отвориме и боледување и да им препишуваме антибиотици, па затоа бараме да бидеме изземени од мерките во договорите што може да ги преземе Фондот за здравство. Ни еден пациент заболен од грип кому му дадовме „тамифлу“ не помина и без антибиотик! Откако се вратија од специјалист, на сите моравме задолжително да им дадеме и антибиотска терапија зашто речиси сите добија компликации – како бронхитис, бронхопневмонија. Имавме дури и пациенти што по грипот заболеа и од плевритис, а ние мора да ги лекуваме и на тие не можеа да одат на работа, да им издадеме и боледување – вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

Таа нагласува дека заболен од бронхитис мора да се лекува со антибиотска терапија најмалку 10 дена.

– Затоа Здружението, поради зголемениот број пациенти со компликации, бара фондовските комисии да ја согледаат состојбата и за овие три месеци – од јануари до март – да не ни ги бројат антибиотиците што ги препишувавме, а се поврзани со заболувања на дишните патишта. Истото да важи и за боледувањата што поради грипот мораше да им ги издаваме на пациентите – вели д-р Чолакова.

Од Фондот за здравство одговараат дека барањето на матичните лекари ќе оди на седница на Управниот одбор на Фондот, а дека со потврда од Центарот за јавно здравје, каде што се пријавуваат заболените од грип, најверојатно ќе им се признава пречекорувањето на бројот на рецептите за антибиотици и за издадените боледувања.

– Таму каде што има зголемен број случаи на болни од грип, а Центарот за јавно здравје ќе потврди, не би требало да им се крати од износот за капитација на матичните лекари – велат во Фондот.

Љубица Балабан

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари