Упатство за OGTT и HbA1c
Почитувани колеги,
На следниот линк можете да го превземете краткото упатство за OGTT и HbA1c наменето за матичните лекари и консултирано и одобрено од специјалисти по медицинска биохемија, членови на управниот одбор на Здружението на доктори на медицина, специјалисти по медицинска биохемија при МЛД.
На 03.02.2014 референтната цена на OGTT од 150 денари е зголемена на 180 денари, што значи дека партиципацијата ќе биде 36 денари. Референтната цена на HbA1c е 350 денари што значи дека партиципацијата е 70 денари.




