Лекарите бараат почит и заштита Дневник 07.04.2011

Треба да се врати почитта кон лекарите и тие да си го најдат своето место во општеството, бидејќи здравјето е најскапо, порачаа приватните лекари, кои бараат да се слушне нивниот глас при креирањето на здравствената политика.

– Испитувањата на Лекарската комора покажуваат дека за десетина години во Македонија ќе нема лекари, ако во меѓувреме не се направи ништо за да се подобри нивниот статус во општеството. Младите одат во Словенија и Хрватска, каде што им нудат работа, специјализација, подобри услови, повисоки плати. Во последните години има кусок од доктори. Во источниот дел од земјава недостигаат специјалисти, во западниот се пензионираат. Затоа е потребно да се донесе законот за лекари кој ќе н` штити нас, како што има закон за правата на пациентита – изјави Милорад Ристевски, гинеколог, член на повеќе комисии во Лекарската комора и во Здружението.

Приватните лекари бараат подобрување на комуникацијата меѓу приватното и јавното здравство, на односите меѓу пациентите, лекарите, Министерството и Фондот за здравство, бидејќи поинаку не ќе може да функционира здравствениот систем.

– Креатор на здравствената политика е Министерството за здравство, додека парите се кај Фондот, со кој имаме одлични односи и учествуваме во создавањето на критериумите, иако не се прифаќа с` што ќе посочиме. Добро е кога меѓу трите страни – лекарите, Фондот и Министерството, би имало партнерски однос. Да се слушне и нашето при составувањето на законите, бидејќи ние сме тие што ги применуваме. Не е во ред да се носат закони кои не нудат сигурност на докторската фела – Лилјана Чолакова Дервишова, претседател на Здружението приватните лекари на Македонија, кое има 2.000 членови.

Изворна вест: Лекарите бараат почит и заштита

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари