Кој кого (ќе) избира?

Предговор

Од член на УО на ЗПЛРМ од Куманово

Читам лекарски весник (информативно-едукативно гласило на МЛД) и гледам на насловна страна наслов: Кој кого (ќе) избира?

Ме заинтригира и почнав да го читам текстот. Веднаш после неколку реченици почнаа да ме лазат морници за до крајот на текстот да останам без текст. Одам понатаму и нема ништо, го нема јунакот во потпис. Гледам сите текстови имаат автор, само овој не. Прашањето само се наметнува. Зошто?

Јас, го разбирам човекот или групата. Да напишеш толку невистини, контрадикторности, со превисока доза на хипокризија, навистина треба да се СРАМИШ. Милан Гутовиќ ќе каже: “Ја сам изненаѓен и увреѓен“. (Ние ги “контаме“ србите, а тие што не можат нас е нивни проблем).

Главна тема

Од сите членови на УО на ЗПЛРМ од Куманово

Се запрашавме за кого е наменет текстот ако е напишан во гласило наменето за лекари? Секоја реченица е за коментар, но сето ова ќе изгуби смисла па ќе цитираме само две:

Цитат: “Очигледно, приватните доктори не сакаат или не ја разбрале улогата на отворениот пазар на кој тие му припаѓаат. Тоа значи дека тие треба да се трудат да го придобијат секој пациент исклучиво со своето знаење, однос и услуга.“

Коментар: “Очигледно“ е дискутабилен збор (во овој случај), бидејќи е пишувано со затворени очи и ако некој не разбира, тогаш станува јасно дека тоа е текстописецот. Во тоа е суштината на нашето барање, да бидеме на отворен пазар (без привилегии и заштити), да бидеме платени за сработеното (а не дестимулативно), да бидеме рамноправни пред законот и.т.н. – тогаш за каков пазар се зборува?

Искусниот лекар запослува млад лекар (анонимус) и тоа е добро, но не е добро што треба да ги префрла пациентите (кои тој ги стекнал) на негово име… и тука не би продолжиле да ги опишуваме сите заврзлами што произлегуваат од сегашниот закон (сите многу добро знаат на што се мисли, особено паталците). Сите тие аномалии се уредно елаборирани и доставени до конкретни институции.

Поговор

На крајот на состанокот ни остана горчлив вкус во устата и прашање дали текстот е напишан од лекар?

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари