Правилник за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала
Почитувани,
На следниот линк можете да ја превземете измената на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала.
Правилник за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала 10 од 2014
Во истиот покрај измените на референтните цени променети во модулот за заверка на помагала на една голема група на помагала и воведување на “хронична“ ПОП имаме и укинување на следниве шифри на помагала и воведување на нови и тоа:
1. Укинување на шифрата вид 1 шифра 1606 и воведување на нови шифри вид 1 шифра 1607 и шифра 1608 со 4 подгрупи за возрасни категории (1,2,3 и 4 кои се додаваат на основната шифра во зависност од возраста).
2. Укинување на шифрите вид 1 шифри 82141, 82142 и 82143 и воведување на шифрата 82144 со 4 подгрупи и тоа: 82144112 и 82144133 за количина од 30 пелени и 82144212 и 82144233 за количина од 90 пелени.
Избраните лекари кои до сега им препишуваа на пациентите шифри за помагалата кои се укинати се задолжуваат да ги користат новите горенаведени шифри за да пациентите не бидат вратени при заверка.
Матичните лекари треба да ја користат можноста за препишување на најмногу 6 потврди за помагала кои се препишуваат месечно (пелени, кеси и др), можност која ќе биде во функција од 04.02.2014 година. При издавањето на ваквите потврди задолжително се пополнува делот “дата на важност од“ во кој се дефинираат датумот за можност за подигање на помагалото. (принципот е превземен од препишувањето лекови на хроничен рецепт).
Исто така, имаме воведување на нов вид на помагала, вид 6 “Суплементи за дигестивни и метаболни заболувања“ со 3 нови помагала и тоа шифра 1101-безглутенско брашно, 1102-безпротеинско брашно и 1103-млеко во прав за фенилкетонурија. За оваа група на помагала за кои препорака дава лекарски конзилиум од Универзитетска клиника, а потврдата ја издава избраниот лекар. При заверка на овие потврди осигуреното лице задолжително треба да го приложи и конзилијарното мислење бидејќи истото мора да биде евидентирано во модулот за заверка.




