Соопштение бр.5
Одржан е состанок на Управен одбор на ЗПЛРМ во просториите на ЛКМ каде е соопштено што е сработено и што е ново.
Направена е пререгистрација на здружението од страна на адвоатот Гроздан Шутинов. Веќе, здружението има и потпретседател за секундарно здравство, интернистот Д-р. Влатко Симоновски од Кавадарци.
На состанокот, претставникот од Штип, Д-р. Златко Стојменов побара реакција од страна на ЗПЛРМ заради тепаните гинеколози од истиот град. Договорено е портпаролот на здружението, т.е. адвокатот, да излезе пред медиум и да го каже ставот на здружението. ЗПЛРМ остро го осудува актот на насилство над докторите од страна на сопругот на пациентката кај која се дијагностицирал карцином.









