Средба помеѓу ЗПЛРМ и МЗ на тема работилници

Почитувани колеги,

Денес, 23.01.2014 се реализираше средба помеѓу Претседателот на ЗПЛРМ и советникот на Министерот за здравство.

Сите координатори од нашите градови реагираа на новината за одржување на работилници во викенди. Бараа да се реагира до Министерство за здравство и да се наведат сите проблеми со кои ќе се соочат матичните доктори.

1.Секоја сабота има организирано работилници во договор со ФЗОМ

2.Специјалситите по семејна медицина веќе полагале за Медицина Базирана на докази

3.Има специјализанти по семејна медицина и сите викенди имат турнуси на Клиника-Обавезни

4.Поголем број од колегите ќе треба да патуваат многу викенди и ќе треба да плаќаат такси да ги чека-тоа е трошок

5.Докторите дежураат во саботи или си работат во своите амбуланти и така имаме стабилен здравствен систем

6.Кој ќе плаќа патни и дневни трошкови

7.Бараме медиумска кампања од Министерство за здравство –целна група –Пациенти.Да се информираат дека ќе се работи по медицина базирана на докази

8.Бараме работилниците да бидат ставени на некој веб портал на кој ќе можеме да ги читаме и полагаме-влез да биде со факсимил.Само така ќе нема додатни трошкови и секој ќе може да ги прочита кога ќе има време.

Барања од координатори по градови на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари